Биографија (Македонски)

10606037_10205419012017560_5387069230793296831_n

Прља работи како професионален уметник од 1998 година и како универзитетски предавач од 2005 година.

Во Лондон се има здообиено со MPhil (Master of Philosophy – Research by Project) од Кралскиот колеџ за уметност (Royal College of Art), по дипломирањето во Скопје на Факултетот за ликовни уметности, има претходно завршеното Средното училиште за ликовна уметност и дизајн Лазар Личеновски.

Прља има учествувано на следните Биеналиња: 5th Moscow Biennial (Филмска програма), Москва7th Berlin BiennialБерлин; Manifesta 8, The European Biennial of Contemporary ArtМурсија, Меѓународното Графичко БиеналеЉубљана; IV Bienal del Fin del Mundo de Arte ContemporáneoChile and Argentina i 9th International Biennale of Miniature WorkGornji Milanovac, Serbia.

Има остварено бројни самостојни изложби од кои  позначителните се одржани во: ФУТУРА Центарот за современа уметност, Прага (2013)Lakeside Kunstraum, Клагенфурт (2010);  СЦ Галерија, Загреб (2009),  Музеј на современа уметност, Скопје (2008);  Национална галерија на Македонија, Скопје (2007), итн. Има учествувано во повеќе од 90 групни изложби, меѓу кои позначителни претставувања се во следниве институции и галерии: White Cube,  Лондон (2013);  Calvert 22, Лондон; Lewis Glucksman Gallery, Корк; Palais de Tokyo, Париз; Dorsky Галерија, Њујорк; Sztuki Музеј, Лоѓ; DRAF Фондација за уметност Дејвид Робертс, Лондон (2009);  Zacheta Националната галерија на уметност, Варшава (2008), итн.

Има одржано бројни јавни презентации, меѓу кои во Nottingham Contemporary (2013); Academy of Fine Art (2011), Kunsthalle Exnergasse (2010) двете во Виена; ICA, Лондон (2011), INIVA Институт за меѓународни уметност (2010, 2007), TATE (2009)UCL – University College of London (2010) сите во Лондон, итн. Бројни книги, списанија и весници имаат објавено критички текстови и рецензии за нејзините дела.

Како предавач на предмети од областа на уметноста, Прља има работено како виш предавач (Senior Lecturer) за BA (Bachelor Degree/Додипломски Студии) во Istituto Marangoni (2005-2013), факултет со кампуси во Лондон, Милано, Париз и Шангај. Во Иституто Марангони Прља има предавано различни предмети меѓу кои и Уметничка практика, Истражување на теоријата, методологијата и практиката во уметноста.

Покрај тоа таа има работено како предавач (Visiting lecturer) во Велика Британија, на различни додипломски Студии  (Bachelor Degree) и постдипломски студии  (Master of Arts),  на London Metropolitan University сега Sir John Cass Faculty of Art, Architecture and Design (2006-2013); има одрќано предавања и работилници и во Goldsmith UniversityUCL – University College of London сите во Лондон; потоа на Aberdeen University, Абердин, итн.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s